СОНК ќе преговара со Владата, ако нема договор за платите образованието ќе штрајкува

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека преговорите со Владата ќе продолжат вечерва во Министерството за финансии. Минатата недела претседателот на СОНК Јаким Неделков објви дека на 11 април ќе биде организиран генерален штрајк во образованието и градинките доколку не биде прифатено барањето за повисоки плати за 18,5 проценти. Министерката за труд и социјална политика вели дека ако се случи штрајк, дека градинките треба да најдат начин за згрижување на децата.

По средбата на делегација од СОНК во Владата во вторникот, ова ќе биде нов обид за договор за исполнување на барањето на Синдикатот за зголемување на платите односно усогласување со минималната во дејностите образование и детска заштита.

СОНК бара зголемување на платите за 18,5 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави денеска дека се надева до 11 април, за кога е закажан штрајк на вработените во училиштата и градинките, да се дојде до договор со СОНК со цел згрижувањето на децата да може да се одвива непречено.

Според Тренчевска, и да нема договор  директорите на градинките мора да најдат начин да ги згрижат децата кои ќе дојдат зашто тоа е така регулирано со Законот за детска заштита.

Неделков пак, минатата недела изјави дека родителите треба да имаат разбирање за барањата за повисоки плати и нагласи дека СОНК нема да им рече да не ги носат децата во градинка, но дека ако родителите имаат алтернатива, дека многу ќе им помогнат на вработените во нивните легитимни барања.

„Убедени сме дека нашата синдикална борба за остварување на социјални права ќе вроди со плод, при што конечно вработените во овие дејности ќе бидат достојно вреднувани, а со тоа и помотивирани за извршување на своите работни обврски“, се вели во одлуката на СОНК за одржување на генерален штрајк на 11 април.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе