СОНК брзо и целосно да ги прифати договорените услови за покачување на платите, апелира Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на својот Фејсбук профил упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието," напиша Ковачевски.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе