Сојузот на здруженија на пациенти со дијабетес бара изработка на национален регистер на дијабетичари

Сојузот на здруженија на пациенти со дијабетес во Македонија упати барање до Министерството за здравство за усвојување на национален план за превенција од дијабетес 2020 – 2030 и изработка на национален регистер за лица со дијабетес со цел, како што наведуваат, подобрување на медицинската грижа на пациентите со дијабетес мелитус, имајќи ја предвид новата реалност предизвикана со вирусот Ковид-19

„Водејќи се од потребата за добра евиденција и увид во моменталната ситуација, потребно е државата да го креира овој национален регистар со точна бројка на лицата со дијабетес, по тип на дијабетес, возраст, пол, место на живеење и сл. Транспарентно достапниот регистер ќе биде сериозен темел за да се изработи националната стратегија за справување со дијабетесот. Изработката на оваа национална стратегија сметаме дека треба да биде доделена на стручната јавност и во креирањето на истата да бидеме вклучени и ние како национален сојуз“, наведуваат во барањето од Сојузот на здруженија.

Воедно, бараат и организирање на едукативни кампови за деца и адолесценти со дијабетес при што едукацијата за дијабетес да се стави на врвот на приоритетно дејствување на сите чинители за превенција и справување со дијабетесот, предводени од Националната комисија за дијабетес и Министерството за здравство. Со организацијата на овие едукативни кампови кај овие две групи на пациенти,кои се посебно осетлива категорија на пациенти, очекуваат дека на истите ќе им се помогне полесно да ја прифатат својата здравствена состојба и со тоа да постигнат добра контрола на дијабетесот, како и да научат како да постигнат сигурна лична заштита од Ковид-19.

Меѓу барањата се и набавка на најсовремени достапни терапии GLP-1 агонисти како и друга таблетарна терапија. и оти во реализацијата на престојниот тендер, наведуваат, очекуваат дека, согласно законот за лекови, сите законски барања во делот на квалитет ќе бидат запазени.

Потоа набавка на сензори за континуирано мониторирање на гликемиите, глукометри, ленти, ланцети и инсулински игли. Сензорите за континуирно мониторирање на гликемиите, појаснуваат, се медицинско помагало со кое во огромна мерка од една страна се унапредува гликемиската контрола, а од друга страна се подобрува квалитетот на живот на децата со дијабетес тип 1 и нивните фамилии. Очекуваме набавка на количини кои ќе бидат доволни за сите деца со дијабетес тип 1 на возраст до 18 години. За нивната набавка сметаме дека треба да се обезбеди буџет кој ќе биде независен и одвоен од буџетот за набавака на инсулин и друга антидијабетична терапија.

За набавката на глукометри за мерење на гликемија, ленти, ланцети и игли за пациентите со дијабетес тип 1 и тип 2 согласно највисоките светски стандарди за глукометри и протоколи за контроли на гликемијата, задржувајќи го принципот на предност за квалитет наместо најниска цена. Предлагаат таа да се реализира по принципот на референтна цена, односно истите да се вклучат на позитивната листа или да се издаваат по принципот на издавање на ортопедските помагала.

„Сметаме дека треба да се дефинира најниска референтна цена која ќе биде покриена од страна на ФЗО а разликата од таа цена до цената на друго избрано помагало да биде надоместена од страна на самите пациенти. Исто така, очекуваме дека ќе продолжи како и досега, набавката на игли за аплицирање на инсулин од 4мм и 6мм. На ваков начин од една страна државата ќе продолжи да обезбедува загарантирани глукометри, ленти, ланцети и инсулински игли, како и до сега, а од друга страна самите пациенти ќе имаат право на избор ако сметаат дека истиот е неопходен“, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Тие предлагаат и измена за системско решение за континуирана достапност на стручна психолошка поддршка на нивните пациенти така што сите интернисти кои имаат право да пропишуваат инсулинска терапија да имаат право да ја пропишуваат и новата современена терапија, за разлика од сегашното решение согласно кое само одреден број интернисти (центри за дијабетес во рамки на општи и клинички болници), имаат привилегија да лечат со современа терапија. Неопходно е, порачуваат, и рестартирање на центрите за дијабетес, во здравствените установи каде постоеле, во некои од регионите и како регионални центри за дијабетес.

„Особено важно, за здравјето па и животот на лицата со дијабетес, е итно да се вратат сите специјалистички и субспецијалистички прегледи за лицата со дијабетес покрај шестмесечните, да се овозможат интеревенциите на лицата со дијабетес кои имаат комбордитети како шти се неврологија, офтамотолигија – особено за спас на видот“, подвелкуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари и покрај благодарност и изразуваат и надеж дека овие нивни барања и прелози  ќе бидат земени предвид од Министерството за здравсство. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе