Сојузот на здруженија на дијабетичари бара обезбедување на квалитетна терапија

Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска ќе ги презентира барањата за обезбедување квалитетни медицински сервиси и терапија, како одржливи модели за менаџирање со дијабетесот во време на пандемијата со ковид-19.

Претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на прес-конференција ќе укажат и на неопходноста за посебно внимание за престојната училишна година, особено за грижа кон децата со дијабетес тип 1, како и за потребата за итно враќање на редовните прегледи и интервенции за лицата со дијабетес.

Сојузот на здруженија на дијабетичари ги застапува правата, интересите, проблемите и обврските на околу 125.000 лица со дијабетес од кои околу 44.000 инсулин зависни.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе