Незадоволство меѓу матурантите

Сојузот на средношколци бара за матурата да се спроведе договореното со Владата

Сојузот на средношколци е загрижен поради тоа што некои средни училишта соопштија дека не се согласуваат со дел од договорените точки  помеѓу Сојузот и Владата  за полагањето на државна матура и ги повика сите училишта да го почитуваат договорот и навремено да ги достават материјалите за интерни испити до учениците. Лидерот на Сојузот Бленди Ходаи упати писмо до премиерот, министерката за образование и Државниот испитен центар, потсетувајќи дека на средбата со Заев било одлучено договореното да се спроведе, а не да остане на хартија

„Според договорот постигнат помеѓу Сојузот на средношколци и Владата во февруари 2021 година за државната матура, училиштата се должни да ги споделат материјалите за интерните испити и банки на прашања, најдоцна три недели пред денот на испитот. Договорот е да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања. Банките со прашања што содржат 60-100 прашања - се испитни прашања, од кои само 20 ќе бидат на интерниот испит (како што беше и во претходните години)“, потсетува Сојузот на договорот со Владата.

Сојузот на средношколци нагласува дека оваа точка на договорот е флагрантно прекршена од некои средни училишта во земјава и истакнува дека е тоа крајно неприфатливо.

Во соопштението е наведено дека станува збор за училиштата „Ѓорче Петров", „Орде Чопела", „Ристе Ристески-Ричко", гимназија „Мирче Ацев", „Кузман Јосифоски-Питу", „Јосип Броз Тито"-Битола, „Д-р Јован Калаузи", „Св. Клименти Охридски" – гимназија Охрид, „Никола Штејн"-Тетово и „8 Септември"-Тетово.

Во писмото упатено до премиерот Зоран Заев, министерката Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, лидерот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи наведува дека на матурантите им било ветено оти постигнатиот договор ќе се реализира точка по точка.

Затоа од нив бара да интервенират за сите средни училишта истовремено да го почитуваат и спроведуваат договорот бидејќи, како што вели, на последниот заеднички состанок на 16 февруари 2021, се согласиле дека „договорот нема да остане само на хартија, туку ќе се спроведе".

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе