Сојуз на средношколци: Притисоци и закани oд директорите и наставниците за бојкотот на матурантите

Притисоци и закани од страна на училишните директори и наставниците врз учениците се причината за надолниот тренд на бојкотот на наставата од страна на матурантите, тврдат од Сојузот на средношколци (ССРСМ).

Второто полугодие почна со бојкот на наставата на Сојузот на средношколците кои бараат да се намали бројот на предмети за полагање на матурата, од четири на два. Од Сојузот информираат дека на 21 јануари наставата ја бојкотирале 78 отсто од матурантите, додека во петокот тој број паднал на 71 отсто.
„Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна“, соопшти Сојузот и демантираат дека бил постигнат договор со Министерството за образование.
„Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања“, додаваат тие.
Бојкотот на наставата продолжува и од понеделник, а Сојузот на средношколците повторно ги повикуваат сите матуранти да се придружат кон отпорот. „Нашите барања се разумни и подржани од меѓународни примери – нема да се откажаме додека не ги оствариме!“, децидни се СС.
Мила Царовска, министерката за образование и наука вели дека матурата треба да се спроведе на начин како што е сега утврден. 
 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе