И во светот и кај нас

Со помалку од илјада случаи, грипот потиснат од коронавирусот

За разлика од минатата сезона, пред коронавирусот да влезе во Македонија, кога во земјава биле потврдени 32.952 случаи на грип, во последната сезона потврдени се само 929 случаи на ова вирусно заболување, што е намалување за 35,5 пати. Во целата сезона во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје позитивни се покажале само два теста, и тоа на грип од типот инфлуенца Б. Последнава недела 567 примероци биле тестирани паралелно и на ковид-19 и на грип и сите биле негативни на вирусот на грипот.

Фото: Роберт Атанасовски

Во последната недела што влезе во статистиката на Институтот за здравје, од 29 март до 4 април, регистрирани се уште 39 случаи на грип, со што вкупната бројка на заболени во сезоната карактеристична за ова заболување, од доцната есен минатата година досега, се искачи на 929 случаи. Смртни случаи нема. Сите нови 39 случаи се пријавени во Дебар.

„Во сезоната 2020/2021, вкупниот број на заболени изнесува 929 (I=44,9/100.000), 35,5 пати помалку во споредба со истиот период минатата сезона (n=32.952) и 27,8 пати помалку во однос на типичната сезонска крива (n=25.809)“, се вели во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во лабораториски услови таа недела бил тестиран само еден примерок и тој бил негативен. Но во текот на неделата 567 примероци биле тестирани паралелно и на ковид-19 и на грип и сите биле негативни на вирусот на грип. Институтот за јавно здравје притоа не наведе колку од овие тестови биле позитивни на коронавирусот.

Во текот на сезоната од 33 тестирани материјали само на грип во вирусолошката лабораторија на Институтот, само два биле позитивни на овој вирус и тоа од типот инфлуенца Б - еден случај во Прилеп и еден во Куманово.

Лекарите велат дека на малите бројки на заболени од грип влијае и неговото глобално намалување. Една од причините е што во сила се рестриктивни мерки поради ковид-19, кои исто така влијаат на спречување на ширењето на грипот, имајќи предвид дека начинот на ширење е ист. Негрупирањето на луѓето, носењето маски, држењето на растојание и зголемената хигиена се непријатели и на грипот, велат лекарите.

Но тие предупредуваат дека веројатно имало и поголем број заболени од пријавените во Институтот, но откако имале симптоми и се тестирале само за коронавирусот, по добивањето негативен тест се лекувале во домашни услови мислејќи дека се работи за поизразена форма на настинка.

Инаку, против грипот оваа сезона биле вакцинирани близу 40 илјади граѓани, од тоа 28.922 лица со бесплатна вакцина и 10.582 лица со комерцијални вакцини.

П.Џ.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе