Во првите две недели од учебната година

Со ковид-19 заразени околу 750 ученици

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат зголемување на бројот на болни деца од почетокот на учебната година. Тоа што загрижува е податокот дека во рок од 14 дена, заболени се 937 деца на возраст до 19 години, а од нив 80 отсто се деца што одат на училиште. Со други зборови, за околу 750 ученици (или 0,31 отсто од вкупниот број ученици што посетуваат настава со физичко присуство) здравствените власти имале сознанија дека се разболеле од ковид-19, односно имаат позитивен тест. 

Од Институтот за јавно здравје денеска за МКД.мк ги потврдија последните анализи според кои од 1 до 14 септември со ковид-19 регистрирале 937 деца од 0 до 19 години, а од нив 80 проценти се ученици во основните и средните училишта.

Министерката за образование и наука Mила Царовска денеска изјави дека нема промена во бројот на заболени ученици, односно дека и натаму станува збор за 0,2 отсто од учениците што посетуваат настава со физичко присуство. Пред три дена таа соопшти дека околу 240 илјади ученици посетуваат настава со физичко присуство.

Процентот пресметан во бројки говори за околу 480 ученици кои се активни со вирусот, или со зголемувањето на новозаразени деца за 0,01 отсто, вкупно околу 500 ученици.

Но, податоците на Институтот за јавно здравје пак, говорат за поголема раширеност на коронавирусот меѓу учениците - односно, од 937 деца на возраст до 19 години, 80 проценти се деца кои одат на училиште, или претворено во бројки - станува збор за околу 750 ученици болни од ковид-19.

Ако и ние овие бројки ги претвориме во проценти, излегува дека 0,31 отсто од учениците се активни на ковид-19.

Дека со стартот на учебната година се зголемува бројот на деца кои одат на училиште практични сознанија имаат во Клиниката за детски болести Козле.

„Oчекуваме да имаме уште повеќе болни деца бидејќи како што почнаа да одат децата во училиште, така и кај нас се зголемува бројот на децата кои се хоспитализирани, а особено на деца кои амбулантно бараат помош. Но кога со промената на временските прилики прозорците на училниците ќе се затворат, мислам дека бројот на болни деца се повеќе и повеќе ќе се зголемува, изјави вчера за телевизија Сител д-р Мими Поповска, педијатар во детската болница во Козле.

Од 20 деца кои лежат во болницата во Козле, како што објави телевизијата,15 се ученици, а пет деца се на кислородна поддршка. Педијатрите велат дека овој ковид-бран е многу посериозен од претходниот и дека бројот на прегледи е зголемен.

Народниот правобранител Насер Зибери кој на 14 септември соопшти дека отворил предмет за состојбите во образованието и дека чека одговори од МОН, побара доколку се влошат состојбите, да се овозможи брзо и флексибилно преминување кон други модели на настава заради заштита на здравјето на учениците, наставниот и ненаставниот кадар од училиштата.

Зибери вчера во разговор за „24 анализа" нагласи дека доколку МОН како надлежен орган не одговори на барањата на Народниот правобранител, дека Владата има обврска информацијата на неговата институција да ја стави на седница на која и тој ќе биде поканет.

П.Џ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе