Сместувањето во студентските домови најверојатно ќе почне од утре, најавува Царовска

Иако Министерството за образование  обави дека резултатите за прием на студенти од прва година во студентските домови треба да излезат на 30 септември, резултати сѐ уште нема.

Министерката за образование Мила Царовска, по повод почетокот на новата академска година, одговарајќи на новинарско прашање појасни дека би требало во текот на денот да се објават списоците, а сместувањето најверојатно ќе започне утре, заклучувајќи дека тоа е стандарден процес.

Според директорот на Државните студентски домови, Виктор Велевски проблемот не е кај нив, затоа што домовите се подготвени, само се чекаат резултатите од МОН.

„Ние сме спремни за сместување на бруцошите, и доколку се доцни ден или два сметам дека нема да има никаков проблем за нас, затоа што службите на ДСД Скопје се подготвени, но за повеќе одговори обратете се во МОН бидејќи и ние чекаме”, изјавил Велевски за МИА.

Од Универзитетското студентско собрание пак, испратиле апел до институците да ги почитуваат роковите, бидејќи како што заклучуваат од таму се создава несигурност кај студентите во поглед на сместувањето.

„V.3. Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 30.09.2021 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по резултатите се доставува до архивата на Министерството за образование и наука, „ул. Св. Кирил и Методиј" бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите”, стои во соопштението од Министерството.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе