МВР

Славјанка Петровска: Кривична пријава за Ф.К., лице кое заразил повеќе луѓе

Неодговорните и несовесни поединци, кои, загрозуваат туѓи животи, нема да бидат поштедени и за нив МВР ќе побара казна, притвор, па и затвор, изјави на конференција за медиуми Славјанка Петровска, заменик министерката за внатрешни работи.

Таа изјави дека веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Ф.К.. Се работи за лице кое влегло во земјава на 8 март, бил информиран за епидемија, потпишал изјава, но не ги почитувал мерките за самоизолација, продолжил да комуницира со семејство, пријатели и соработници и заразил повеќе луѓе. Tој дал лажен исказ дека не патувал надвор од земјата и со непочитување на самоизолацијата заразил повеќе лица и придонел за ширење на епидемијата“, рече Петровска.

„МВР ќе ги истражи и сите сопственици на фирми, кои поседуваат ноќни дозволи за работа. Доколку се утврдат неправилности, сопствениците ќе одговараат кривично пред институциите. Нема да дозволиме неодговорни и несовесни поединци да ги изигруваат институциите, напротив, тие луѓе набрзо ќе го добијат одговорот од истите институции“, изјави Славјанка Петровска.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе