Скопје – жариште на новоинфицирани со ковид-19, земјава во жолта зона

Над 5 илјади активни случаи на ковид-19 има во земјава која што е во жолта фаза, а Комисијата за заштита од заразни  болести засега не препорачува нови заштитни мерки.


Според министерот за здравство Беким Сали, ако се земат предвид моменталните бројки во сите инфективни одделенија во државава и искуствата од минатото, ситуацијата со пандемијата во државава е сѐ уште „оптимистичка“.

„Ние забележуваме секојдневно благо зголемување на новоинфицирани во државата, Скопје сѐ уште е жариште, односно црвена зона. Меѓутоа, од аспект на оптоварување на системот сѐ уште сме во жолта зона“, изјави вчера Сали.

Тој апелираше граѓаните со хронични болести да се вакцинираат со трета и четврта доза од вакцините против ковид-19.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, објавени вчера, направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи со ковид-19 и 683 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни 22 проценти или 189 се реинфекции.

Во вчерашниот билтен не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, а за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година, соопшти вчера Министерството за здравство.

Според епидемиолошки анализи во моментов од 5.196 активни случаи, најголемиот дел или 43 проценти се во Скопје. Во Битола има 441, потоа следат Прилеп-271, Охрид-263 и Куманово-245.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе