Министерство за здравство

Скопје, Тетово и Гостивар – шампиони во бројот на новозаразени со ковид-19

По Скопје и Тетово, Гостивар е третиот град каде ширењето на коронавирусот почнува да зема голем замав. Истовремено, Гостивар и Тетово се меѓу општините каде, според податоците на Министерството за здравство, има најмалку вакцинирани полнолетни граѓани – под 20 %.

Најголем број од активните случаи има во Скопје и Тетово. Во Скопје има 1.257, а во Тетово 864. Следи Гостивар со 467, Куманово – 222, Кичево – 193, Струмица – 124, Битола – 90, Струга – 83, Охрид – 75, Дебар – 81. По подолг период во Неготино регистриран првиот случај на заразен со коронавирусот. Уште пет градови се без ковид и тоа: Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и туристичкиот Дојран.

Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, нови случаи на ковид-19 беа регистрирани во: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп, Кавадарци и Берово – по 6, Штип, Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Виница и Демир Капија – по 1. „Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите“, коментира на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров објаснувајќи новонастанатата ситуација со вирусот.

Министерството за здравство вчера информира дека бројот на аплицирани дози вакцини во земјава надмина милион. Со засилување на четвртиот бран и најавените рестриктивни мерки, интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 561.912 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки барем една доза вакцина примиле: 66 проценти од населението над 70 години, 64 отсто над 65 години, 60 отсто над 60 години и 50 отсто над 50 години.

Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет ПЛФ формулар. За прекршување на законските мерки и обврски во Грција, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра.

Според статистиката на светско ниво, над 205 милиони луѓе се заразиле со коронавирусот, починале 4,3 милиони, оздравеле 184 милиони.

Австралиската престолнина Канбера вчера влезе во еднонеделен општ карантин поради еден случај на заразен со коронавирусот, првпат во текот на последната година. Побарано е затворање на целата територија на австралиската престолнина, каде живеат околу 400.000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило. Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта сојот на вирусот, па затоа веќе е воведен карантин во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј.

Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, што сега е во важност, соопшти премиерката Јасинда Ардерн. Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, освен нејзините граѓани и лица со дозволи за престој. Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот на јули, откако Австралија се соочи со нови жаришта на заразата. Строгата политика за елиминација резултираше со само 2.500 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Нов Зеланд и вкупно 26 смртни случаи.

Американскиот експерт за заразни болести и медицински советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи, пак, информираше рече дека трета доза на вакцината против коронавирус ќе се препорача во САД за оние со послаб имунолошки систем.

Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести.

Австриски епидемиолози предупредуваат дека следниот бран ќе биде бран на невакцинираните. Епидемиолозите Џералд Гартленер и Петер Климек тврдат дека, сепак, нема да има преоптоварување на одделенијата за интензивна нега и оти не е потребно заклучување на есен. Тие веруваат дека заштитните мерки, како што се носење маски и држење растојание ќе бидат неопходни.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе