Учениците продолжуваат со физичко присуство

Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за наставa, учениците се безбедни во училиште, вели Царовска

Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврди и Министерството за здравство попладнево во својот извештај, за кој утрово дискутиравме и на Главниот координативен штаб, рече министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ.

„Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илајди ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и овие бројки се навистина ниски. Многу е значајно медиумите и граѓаните и сите ние кои известуваме или имаме можност да известуваме за податоци да се држиме за она што го кажуваат надлежните институции и да го пренесувамедоследно како што е кажано без да се шири паника помеѓу граѓаните затоа што во моментот такво нешто не е потребно. Затоа што истовремена изолација на 25 или 10 ученици не значи дека сите се позитивни на Ковид" , рече министерката Царовска.

Министерката посочи дека состојбата со ковид-19 во училиштата се следи на дневно ниво а Министерството за образование и наука е во постојана координација и комуникација со надлежните здравствени власти и со епидемиолошките служби како и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој редовно ги посетува училиштата и потврдува доследно почитување на мерките за заштита.

Царовска истакна дека образовниот систем уште од јуни е подготвен со три резервни сценарија кои би се применувале доколку има потреба од нив.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе