„Препораките и одлуките на Комисијата за заразни болести се темелат на факти и таа е тоа владино тело кое дава одобренија за настава со физилко присуство. Секако, не се решава врз основа на нечии желби, туку одлучувачки се аргументите дали некои улилиште ќе биде отворено или не за физичко присуство, при што се има предвид и дали постои ризик по здравјето на целото население", рече Царовска.
Министерката нагласи дека во моментов приоритет е зачувувањето на здравјето на граѓаните и избегнување на ситуација на ширење на болеста.
„Ако состојбата се менува на позитивно, нема да има некој кој ќе застане против отворање на училиштата со физичко присуство, но ако е ваква или полоша, ќе размислуваме и за други прашања и начини за да го заштитиме јавното здравје, а воедно да обезбедиме континуитет на наставата", нагласи Царовска која денеска присуствуваше на предавање на донација од турската агенција ТИКА на ОУ „Петар Здравсковски-Пенко" во општина Бутел.
Во врска со проблемите со интернет-пристапот во руралните средини, одговори дека во сите тие места е обезбедена настава со физичко присуство.