Министерството за здравство

Сите лица кои денеска се тестираа се негативни на коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на сите кои денеска се тестираа се негативни на коронавирус.

Претпладнево на корона вирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација.

Патниците од Струмица кои исто така поминаа 14 дена во домашна изолација, а пристигнаа со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре.

Попладнево на Седница на Владата ќе бидат дискутирани мерките кои ги препорача Министерството за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за коронавирусот. За заклучоците, Владата и Министерството за здравство ќе информираат по завршување на Седницата.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе