Министерство за здравство

Сите интерни клиники во Клиничкиот центар ќе примаат ковид пациенти

Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа. Министерот за здравство Венко Филипче имаше средба со директорите на клиниките по што се обезбедени  150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид, соопшти Министерството за здравство.

Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно оделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции.

Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники. Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега. Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински персонал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од клиниките.

Дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа, соопшти Министерството за здравство.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе