Филипче добил потврда

„Систина“ не ги намалува цените за лекување ковид-пациенти, немало економска логика

Приватната болница „Аџибадем Систина“ нема да ги намали цените за лекување на болните од ковид, бидејќи немале економска логика, а Жан Митрев денеска треба да потврди дали ќе има намалување во неговата болница, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче пред новинарите кажа дека денеска разговарал со претставници на сите три приватни болници, „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“ и, како што рече, иако апелирал да се намалат цените бидејќи сме во време на здравствена криза и пандемија, од „Систина“ добил негативен одговор, од „Жан Митрев“ очекува денес потврда, а во „Ремедика“ не се лекуваат воопшто ковид пациенти. На средбата добил потврда за ангажирање на осум лекари од овие болници во јавните здравствени установи и тоа 5 од „Систина“, 2 од „Ремедика“ и еден од „Жан Митрев“ кои ќе бидат вклучени во системот на ротации во ковид-центрите.

Филипче информираше дека во тек е теренската вакцинацијата во Геријатрија и во домовите „Сју Рајдер“, а се чекаат списоци и од останатите центри за постари лица од другите градови. Во домот „Сју рајдер“ во Битола досега се вакцинирани 10 од 60 сместени лица, во Скопје 22 од 60, а во домот „Мајка Тереза“ во Скопје вакцина примиле 22 од вкупно 50 сместени лица. Во овие домови се вакцинирани и голем процент од здравствените работници.
што се однесува до системот за вакцинирање, Филипче вели дека добро функционира, а во А1 арената („Борис Трајковски“) денеска се вакцинираат припадници на Армијата и наставници кои предаваат од прво до трето одделение. Во А1 арената се вакцинираат просечно по 2.500 лица на ден и заклучно со денешниот ден ќе се потрошат околу 7.500 вакцини „Спутник V“. Во здравствените домови, пак продолжува вакцинацијата на лицата постари од 77 години со вакцината Астразенека. Вакцинација и во А1 арената и во другите пунктови, како што кажа Филипче, ќе се врши и во сабота.  

Инаку, сите граѓани, кои примија вакцина „Астразенека“ во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителна количина од ова вакцина преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец, но сепак во однос на вакцинирањето на помладите граѓани ќе се почека официјалниот став на Европската агенција за лекови.

„И вчера во текот на попладневните часови и денеска утрово разговаравме со претставниците на српското Министерство за здравство и ги очекуваме сите податоци. Целта е да се евидентираат луѓето коишто се вакцинирани и ако сакаат да се ревакцинираат во нашата земја тоа ќе можат да го сторат кога ќе пристигнедополнителна количина на вакцината ‘Астразенека‘ преку Ковакс и според најавите би требало да биде до крајот на месецов. Но, во делот на вакцинацијата и ревакцинацијата на помладите луѓе коишто примија вакцина во Србија официјален став се уште нема. И за денеска е закажен за попладневните часови состанок на ЕМА, така што ќе ги причекаме тие нивни ставови“, изјави денеска Филипче.

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе