Систина и Детската клиника заеднички ги споделуваат сознанијата за постковид компликациите кај децата

Со оглед на тоа дека манифестацијата на ковид-19 вирусот е непредвидлива сметаме дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваме дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации, соопшти клиниката „Аџибадем Систина“.

Во педијатриската болница на „Аџибадем Систина’’ вчера во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести. Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки постковид компликации кои беа третирани во клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’.

Лекарите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од педијатриската болница на „Аџибадем Систина“ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе