Во педијатриската болница на „Аџибадем Систина’’ вчера во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести. Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки постковид компликации кои беа третирани во клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’.
Лекарите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од педијатриската болница на „Аџибадем Систина“ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата.