Штрајкот, како што потсетува, ќе трае три дена, а целта е да го изразат своето незадоволство и незаинтересираноста од Министерството за здравство и од Фондот за нивните барања.
„Имаме огромна поддршка и од нашите пациенти кои најдоа разбирање за проблемот и ситуацијата во која веќе подолго време се наоѓаме. Само една мала група на лекари по семејна медицина кои не се согласуваат со нашите барања и одлучија да не се приклучат на протестот, но тие не се во голема бројка. Ние стоиме зад сите наши барања. За приватните лекари во примарното и секундарното здравство од 2018 не е покачена капитацијата која е 63 денари, а во јавното здравство платите неколку пати се покачиле. Нема покачувања ниту во буџетот кај лаборатории, специјалисти, рурални доктори ... Сакаме промени околу начинот на пропишување на лекови за хронични терапии и други работи“, вели д-р Чолакова – Дервишова.
Таа додава дека со протестот се бара покачување на капитацијата, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години, но дека досега сè уште немаат никаков контакт, ниту со Фондот, ниту со Министерството за здравство.