Советот на СОНК вчера донесе одлука дека штрајкот продолжува се додека не се најде заедничко решение, информираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков и најави дека во среда на 4-ти мај најавуваме ќе се одржи и голем протест пред Владата.
Неделков повтори дека пропуштената настава ќе се надополни. Штрајкот почна на 11 април.
Реагираше министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој вчера ги повика директорите на училиштата да ги отворат вратите на училиштата и да организираат настава согласно законите, велејќи дека имаат „надлежности и одговараат за нив“, а на родителите им порача да ги пратат децата на училиште.