Штипскиот универзитет пример за онлајн-настава според „Мајкрософт“

Компанијата „Мајкрософт“ на својата веб-страница го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип како успешен пример за премин од физичко во учење на далечина. Информацијата ја сподели Универзитетот кој соопшти дека од почетокот на пандемијата со КОВИД-19 многу бргу се преориентирал на онлајн-учење и ги ангажирал сите капацитети за тоа да се реализира.

Со 15 факултети и преку 9 000 студенти, УГД е еден од најдобрите универзитети во Северна Македонија. Со учење на далечина овој Универзитет почна да експериментира во декември 2019 година. Во март 2020 година повеќе од 4 400 студенти и 360 предавања активно се одржуваа онлајн, користејќи ја платформата „Мајкрософт 365“. Со ова Универзитетот „Гоце Делчев“ е првиот универзитет во Северна Македонија кој без никаков проблем се префрли на учење на далечина задоволувајќи ги потребите на студентите во свет во кој побарувањата од дигитални алатки се сѐ поголеми, се вели, меѓу другото, во текстот на „Мајкрософт“.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе