Штипскиот Универзитет ја продлабочува соработката со бугарскиот Рударско – геолошки универзитет

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, академик Блажо Боев денеска оствари средба со ректорот на Рударско – геолошкиот универзитет „Свети Иван Рилски" од Софија, Р Бугарија на која станало збор за зајакнување и проширување на соработката која и досега ја имаа двата универзитети, а во насока на евроинтеграциските процеси кои и претстојат на нашата земја.

„Разговаравме во поглед на тоа да ги подигнеме на повисоко ниво врските и нашата соработка во делот на Рударско – геолошкиот факултет во поглед на заеднички програми, лаборатории, истражувачки проекти, се она што ЕУ може како иницијатива да го поддржи во регионалното поврзување на овој дел на Западен Балкан. Ова е исклучително добра иницијатива за иднината на нашите универзитети, секако и за поврзување со другите европски универзитети, а сепак Бугарија ни е релативно блиска земја која може да ги поддржи нашите интеграции и нашето интегрирање во Европската унија“, рече Боев.

Ректорот на Рударско – геолошкиот универзитет од Софија, проф. д-р Ивајло Копрев рече дека  вмрежувањето на европските универзитети е најдобрата опција и насока:

„Иднината е една мрежа од европски универзитети, и ние можеме да бидеме првите кои ќе го направиме првото вмрежување, и заедно да работиме на заеднички лаборатории, проекти, размена на професори, студенти. Програмата Еразмус кај нас одлично функционира со вашиот универзитет, така што, тоа е иднината, тоа е патот по кој треба да одиме заедно напред. Вие имате наука на високо ниво, има голем потенцијал во бизнисот, затоа што има заеднички проекти, и само така ќе се интегрираме“, рече Копрев.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе