Штипската Клиничка болница доби ново амбулантно возило, донација од Германската амбасада

Амбасадата на Германија денеска донираше ново амбулантно возило на Клиничка болница-Штип, која е регионален Ковид центар. На предавањето на донацијата германската амбасадорка Анке Холштајн рече дека главен акцент на Германија и на земјите во ЕУ им е справување со пандемијата со ковид-19 и нејзините последици.

„На Западен Балкан имаме партнери коишто при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нас. Германија досега го поддржа регионот со 13 милиони евра, освен тоа Европската Унија помага со 3,3 милјарди евра, во кои Германија учествува со речиси една третина“, изјави Холштајн.

Донацијата на новото амбулатно возило е во вредност 38.000 евра, а се реализира преку Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев рече дека сигурниот и брз транспорт на критичните пациенти за да се спасат ќе го овозможи токму ова ново возило, донација од Амбасадата на Германија кое веќе е во кругот на болницата.

„Јавноста знае дека Клиничка болница-Штип е регионален центар за справување во борбата со корона инфекцијата, лекуваме секојдневно голем број на пациенти, а во последно време имаме сериозно висока бројка на пациенти, коишто се критично болни, кои се тешко болни и понекогаш ситуацијата налага некои од пациентите да ги префлиме на понатамошен третман на клиниките во Скопје.

Како и досега се надевам дека и идната година со сопствени средства и со помош на донации понатаму ќе го јакнеме капацитетот на Клиничка болница-Штип и во однос на кадар и во однос на медицинска опрема“, изјави Ѓеорѓијев.

Тој уште додаде дека како болница имаат уште две вакви возила, кои се комплетно опремени, а имаат и уште други три возила, кои не се опремени со современа медицинска опрема.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе