Шест лица починаа, нови 179 случаи со ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022) направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево - по 5, Охрид и Кочани - по 4, Тетово и Берово - по 3, Гостивар и Крива Паланка - по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе - по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (09.09 - 11.09.2022) пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 - 89г. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.

Направени се 1.286 тестови преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–34, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-21, Биотек-35, Систина-72, лабораторија Лаор-8, Синлаб-18, Ремедика-0, Плодност-8, Генеа-13, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 635.

Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      160610, Активни   377
Куманово   18148, Активни    25
Битола     17857, Активни    82
Прилеп     15419, Активни    50
Тетово      14438, Активни    33
Кавадарци  12025, Активни    29
Велес           10750, Активни    19
Охрид           10275, Активни    22
Гостивар    10270, Активни    11
Струмица   8767, Активни     4
Штип           8725, Активни     29
Кичево     6058, Активни     15
Кочани      5541, Активни     19
Струга      5171, Активни     8
Гевгелија     4864, Активни     7
Неготино    4128, Активни     14
Ресен             3015, Активни     19
Радовиш     2829, Активни     14
Свети Николе 2793, Активни     3
Крива Паланка 2651, Активни     14
Делчево        2180, Активни     25
Берово          1864, Активни     8
Дебар                1811, Активни     0
Валандово      1599, Активни     2
Виница         1477, Активни     1
Пробиштип     1299, Активни     1
Кратово         1113, Активни     7
Богданци       1099, Активни     0
Крушево       1033, Активни     12
Демир Хисар   926, Активни      2
Македонски Брод 797, Активни      4
Демир Капија   628, Активни      0
Македонска Каменица 534, Активни      2
Пехчево                   519, Активни      0
Дојран                     370, Активни      0

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе