Шаќири: Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во центри на ексклузивност за образување кадри

Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во водечки образовни установи за стручна подготовка на учениците и граѓаните и остануваат еден од врвните приоритети на Министерството за образование и наука. Во моментов во тек е реконструкција на два од регионалните центри, во Куманово и во Охрид, а следи и тендер за реконструкција на Регионалниот центар Тетово. Наша цел е, во рамки на реформите на средното стручно образование, да ги развиеме во центри на ексклузивност, иновативност и релевантност, каде ќе се образуваат кадри кои ќе ги пресретнуваат барањата на пазарот на труд, вели министерот за образование Јетон Шаќири.

На денешниот состанокот на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика министерот појасни дека следи опремување на центрите, како еден од условите за нивна функционалност и квалитетно образование, за што Министерството за образование и наука ќе ја информира Владата, со цел средствата да бидат вклучени во буџетското планирање за 2023 година.

„Што се однесува до наставниот кадар во регионалните центри за стручно обрзаовние и убука, со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот [email protected] и на УНДП се спроведуваат обуки и натамошно унапредување на нивните вештини, затоа што наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес“, посочи министерот.

Секторската работна група за образование, вработување и социјална заштита е механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт, граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни, преку која се креираат и имплементираат политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори, кои се финансирани преку ИПА програмите, соопшти Министерството за образование и наука.

 

 

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе