Шаќири: МОН преку блок дотации ќе се обиде да им помогне на училиштата за енергетската криза

Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември да добијат учебници учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио слободна Европа. Тој зборува и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар.

„Основна тема за мене како министер, од почетокот кога дојдов на оваа функција, како дел од мојата агенда беа учебниците. Се работи за проблем кој не е само во последната година, туку во подолг период, и тоа и во основното и во средното образование“, вели министерот за образование, Јетон Шаќири.

„Искрено, кога велиме не добија буквар, добија подготвителни материјали што се однесуваат на него. Има две фази на одредување на постапките. Една постапка е поврзана со Комисијата, доставување на наставни програми, повик до автори. Образложив дека во овој период сакав да немаме временски притисок врз авторите за да имаме изработка на квалитетни учебници и за математика и за другите предмети и за букварот итн. Другата постапка е поврзана со процесот на ребаланс на буџет, а истовремено се организираше и постапка кадешто имаше временски рокови во кои требаше да заврши таа постапка“, вели министерот Шаќири.

Шаќири се согласува дека има ризик за наставата со физичко присуство. Вели дека проблемот ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.

„Ако имаме неискорестени блок дотации, ние тие блок дотации ќе можеме да ги организира и да се користат за можноста училиштата да не се затворат“, кажа Шаќири.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе