По последната понуда од Владата за 10 отсто повисоки плати

Шаќири: Ако СОНК го продолжи штрајкот ќе ги разгледаме можностите наставата да продолжи

Очекувам СОНК да го прифати заклучокот на Владата со ребаланс на буџетот да се обезбедат пари за 10-процентно покачување на платите и за продолжување на дијалогот за другите прашања, но ако СОНК реши штрајкот да продолжи ние ќе ги разгледаме законските можности за начинот на реализација на наставата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најави дека ако СОНК има правно решение во однос на исплатата на денвниците за вработените во деновите на штрајк, дека тоа ќе биде разгледано и дека институциите ќе ги почитруваат законите.

Шаќири смета дека ако причината за одбивањето на 10-те отсто покачување е во тоа што биле усно ветување, сега понудата е во пишана форма во првиот заклучок од вчерашната седница на Владата.

„Се надевам и треба да има одлука во корист на децата. И покрај нивното несогласување со ситуацијата, очекувам да има настава, а ние да продолжиме со преговорите иако не се согласуваме со одредена точка. Ако СОНК повторно одлучи (за штрајк), ние како министерство ќе ги разгледаме сите законски можности за начинот на реализација на настава. За реалната ситуација ќе се соберат податоци во текот на утрешниот ден, после вторник ќе видиме. Но, пак кажувам – се надевам дека ќе имаме позитивна одлука за наставата на децата во основните и средните училишта. За другите работи ќе може да преговараме понатаму“, рече Шаќири по промоцијата на Концепт за развивање регионални центри за стручно образование и обука.

Тој апелира до наставниците да го продолжат образовниот процес, потсетувајќи на влијанието што врз наставата го имаше пандемијата, но и затоа што претстојат рокови, како уписите и полагањето матура. Шаќири побара и разбирање велејќи дека се наоѓаме во една од најголемите кризи кои влијаат на државниот буџет.

Министерот нагласи дека социјалниот дијалог и соработка со СОНК ќе продолжи за други процеси и барања за образовниот систем во основно и средно образование, како што е изработка на методологија или Општ колективен договор кој секогаш ќе биде поврзан со растот на минималната плата.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со можноста на штрајкувачите да им бидат скратени дневниците, Шаќири рече дека кога има штрајк, неговите организатори треба да ги известат сите што се вклучени за правните аспекти.

„Во делот на платите, ќе треба да има правен основ за да се исплатат. Неколку пати сум кажал – ако СОНК има правно решение за тоа, законодавните институции ќе ги разгледаат можностите за таквата ситуација. Тој гнев на членството ќе треба да се обрати до раководството, да се разгледа правниот основ на тоа што тие го бараат, а ние како институции секогаш ќе го почитуваме законот“, рече министерот за образование и наука.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе