Шакири: На 18 јуни ќе се објават резултатите од електронскиот упис во средните училишта

Mинистерството за образование и наука со цел оптимизирање на уписите во средните училишта за првпат воведе електронско аплицирање, на кој начин, согласно поените од успехот во основното образование, учениците и нивните родители можат да го изберат идното средно училиште во кое ќе се продолжи образованието, изјави министерот за обраование Јетон Шаќири. Тој додаде дека на овој начин се избегнуваат „нервозите" при уписите и се избегнува човечкиот фактор при селекцијата и забележа дека електронскиот упис би бил добар рецепт и за упис на факултетите.

Шаќири рече дека преку електронското аплицирање целата процедура децата и родителите можат да ја завршат за десетина минути. Тој информира дека порталот за аплицирање е отворен од 10 јуни заклучно со денешниот ден и дека во тој период можно е и да се направат измени -  ажурирања во апликацијата.

Тој додаде дека преку електронското аплицирање врз база на поените од успехот се зголемува транспарентноста на уписите, се намалува улогата на човечкиот фактор и воедно се избегнуваат нервозите кои се карактеристични и за радоителите секогаш во времето кога децата се запишуваат во средно училиште.

Министерот за образование на новинарско прашање рече дека има над 14 илјади апликации, дека ќе се иврши проверка на податоците, а конечните ранг листи ќе бидат објавени на 18 овој месец на огласните табли во средните училишта како и на веб страницата на МОН.

Шакири призна дека имало и проблеми при апликациите и реакции од децата и родителите што се должи на оптовареност на серверот во определени моменти и рече дека секогаш кога се воведува некоја новина, можни се почетни проблеми.

Тој се надоврза и додаде дека имало проблем и со функционирањето на електронскиот дневник, како за работата на наставниците, така и за влез на учениците и родителите.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе