Шахпаска: Родителите треба да се вратат на работа

Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели,  до 23  септември, за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме, изјави  министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа во вечерашното гостување на емисијата „Топ тема"  потсети дека стартот на градинките почна на 9-ти септември и оти родителите имаа две седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа.

„Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинските доведе до ситуација мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи“, потанцираше министерката.

Шахпаска наведе дека согласно Протоколот што беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемија со Ковид-19.

„На дневно ниво ги контактираме сите градинки, 311 објекти во државата. Нашите информации како инистерство не произлегуваат од ФБ групи, ова се базирани на докази, на дневни извештаи, секој ден ја анализираме состојбата како е. Јас одговорно тврдам, ова е состојбата, значи пишани се децата, а не посетуваат градинка, и оттука нашиот апел до сите родители кои што го чуваат местото, а не го праќаат детето во градинка значи имаат алтернатива кој да се грижи за тоа дете, да и го отстапат на родителите на кои што им е неопходно“, апелираше Шахпаска.

Таа истакна дека Протоколите јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе