Шахот од септември влегува во основните училишта како изборен предмет

Oд септември во основните училишта во Македонија шахот ќе биде на листата изборни предмети за прво и второ одделение. Шахот овозможува подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување, велат од Бирото за развој на образованието.

Шаховската федерација на Македонија соопшти дека Бирото за развој на образованието ја одбрило нивната програма за шах во школи и од септември ќе биде на листата на изборни предмети.

„Имавме состанок во Министерството за образование и наука и ни рекоа дека во претстојната училишна година шахот ќе може да се најде на листата на изборни предмети за децата од прво и од второ одделение. Доколку се формира група од 20-ина деца кои ќе покажат интерес, ќе се почне во тоа училиште“, вели Александра Гакидова, секретар во управниот одбор на Шаховска федерација.

Со помош на македонски професионални шахисти кои се сертифицирани од Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ќе се обучуваат наставниците кои ќе ги држат шаховските предавања во основните училишта. Би се изучувале основите на шахот, како начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично.

„Наставникот мора да биде вработен, бидејќи предметот ќе се оценува, иако описно. Тие ќе бидат обучувани од наши шахисти со меѓународни сертификати. Во Полска почнале со луѓе што немале допир со шахот и за три викенди ги обучиле. Дури сега ни претстои работата. Треба да ги убедиме училиштата дека треба да го промовираат шахот, како и децата дека тоа е интересно да се учи. Од родителите имаме позитивен фидбек“, додава Гакидова.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе