Како ќе се одвива новата учебна година

Шабани: МОН не може да ги принуди наставниците да се вакцинираат

Нема механизам, ниту насока наставниците да се принудат да бидат вакцинирани против кови-19, но засега нема ниту насока како ќе се спроведува наставата во новата учебна година, изјави заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани, како одговор на новинарско прашање дали невакцинираните наставници ќе бидат закана за нормален тек на новата учебна година.

Шабани рече и дека Министерството за образование и наука нема точна бројка колку од наставниците се вакцинирани и ревакцинирани, ниту колкав е бројот на оние кои не пројавиле интерес за вакцинација.

„Начинот на настава се реализира според упатствата што ги добиваме од надлежните здравствени установи и тела, главно од Комисијата за заштита од заразни болести. Приоритет нѝ беа наставниците кои изведуваат физичка настава, а за останатите наставници, во координација со здравствените власти, кои даваат насоки за термини вид на вакцина. Засега нема механизам или кампања за подигнување на свеста кај оние наставници, кои во септември треба да се вклучат во редовниот процес со физичко учество во наставата. Ние не можеме да ги принудиме да се вакцинираат“, рече Шабани.

Тој потенцира дека МОН е во координација со Министерството за здравство и продолжува да доставува списоци и податоци за групи од воспитно-образовниот.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе