Министерот за здравство посочи дека имаат проблеми во општините со најмногу заразени

Семејството кое по погребот дозна дека починатиот бил заразен со ковид-19 не давало податоци на епидемиолозите

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека голем дел од пациентите кои се заразени не ги даваат соодветните податоци за контактите за потоа да може да им се издадат решенија за самоизолација, а сето ова доведува до ширење на вирусот. Епидемиолозите наишле на многу сериозни проблеми со земање на податоците во општините каде има најмногу заболени, а проблем имале и во случајот со кои имаше починат на кого постмотрем му бил земен брис и му бил утврден ковид-19.

„Епидемиолозите имаат сериозен проблем посебно со земање на податоците , многу тешко се пристапило и до семејството кое одбивало контакти со епидемиолозите откако им било укажано дека починатиот е позитивен на ковид-19. Проблем имале и околу податоци на оние лица кои биле на погребот. Секаде каде што има проблеми Државниот санитарен инспекторат во известува МВР и треба да се постапи", вели Филипче.

За снимките кои беа објавени, а на кои се гледа дека се прават журки по одредени кафеани кои вчера почнаа со работа, а кои беа отворени вчера со посебен протокол, Филипче посочи дека препораките се јасни и мерките мора да се почитуваат.

„За угостителските објекти, јасни се препораките, очигледно е дека многу граѓани не се свесни за сериозноста на болеста и си велат нема да ми се случи мене. Но, тоа не е така . Многу луѓе починаа и заболеа. Суштината е да се почитуваат мерките и само така да го вратиме животот во нормала", одговори министерот Филипче на прес-конференција.

За заразените лица во Штип, министерот Филипче посочи дека вкупно 17 лица се позитивни на вирусот и дека една конфекција е веќе затворена.

„17 вкупно позитивни од неколку денови во Штип , и 70 контакти на тие лица и сите се поврзани со начинот на транспорт околу конфекциите и тука се се должи на почитување на мерките. Една конфекција веќе е затворена во Штип, а се контактира и со останатите лица. Во однос на споредбата кога се воведуваа мерки, можам да кажам дека во тој момент не знаевме со што се соочувавме и што може да се очекува. Но, сега знаеме и ние и лекарите што може да се очекува и како да се третираат пациентите. Овие лица кои се заболени се од периодот кога имаше мерки и рестрикции на движење во период на полициски час. Сериозно е каква ќе биде бројка, сериозно е тоа какова ќе биде состојбата кога ќе се отворат границите и имаме слободно движење. Се ова ќе влијае за да се одреди датумот на избори", изјави министерот Филипче.

За ново воведување на полициски час Филипче рече дека не се размислува и дека како можна опција е ново воведување на полициски час.

Министерот посочи дека личната одговорност има најголем удел во справување со ширењето на заразата, но тука е и здравствениот систем и МВР и ако еден потфрли, тогаш ништо нема да е исто.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе