Филипче на прес-конференција потврди

Семејство на почината млада пациентка дало согласност за донирање на органите

Семејството на млада пациентка која починала денес, дало согласност да се донираат нејзините органи. Оваа информација ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче кој посочи дека има потенцијал да се направи уште една трансплантација. 

„Имаме потенцијал да се направи уште трансплантација. Денеска за жал има починат млад пациент. Има сосгласност за пациентката за донација од семејството и сега се прават проверки во однос за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни рецепиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши, сега пред малку време добивме согласност од семејството“, изјави министерот за здравство, Филипче на денешната прес-конференција.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе