Бројот на нови случаи расте, тетовци не се вакцинираат

Семејните прослави и контактите го направија Тетово „лидер“ по новозаболени од ковид-19

Во Тетово за еден месец бројот на заболени од ковид-19 кои биле на домашно лекување се зголемил од 6 на 220 случаи и се очекува  уште да расте. Тетово, според епидемиолошката служба во центарот за јавно здравје, за еден месец од регион со спорадични случаи е во фаза на широко распространета трансмисија на ковид-19.

„На 6 јули имаше вкупно шест случаи на домашно лекување, а сега во градот Тетово имаме околу 220 случаи на домашно лекување.  Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи што се должи на непочитување на мерките и протоколи, а инфицираните ни се од семејни прослави и нивни контакти“, вели епидемиологот  д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.

Според неа, ако населението не се вакцинира и ако не ги почитува мерките, препораките и протоколите, состојбата може уште повеќе да се влошува.

„Генерално новите случаи не се вакцинирани. Ако имаме од овие 220 лица на домашно лекување само десетина вакцинирани. Дали асимптоматски или симптоматски, се невакцинирани. Високата бројка во градот Тетово се должи на тоа што ние имаме многу лица дојдени од западните земји кои после престојот во државата се тестираат за да можат да заминат во земјите каде што работат. Голем дел од нив се млади лица и се асимптоматски случаи, но сепак инфицирани со ковид-19“, објаснува д-р Субашиќ.

Таа апелира да се вакцинираат луѓето но и понатаму да ги почитуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Вирусот, како што вели, не е победен и е присутен.

„Болеста не е победена и пандемијата не е завршена, овде се работи за непочитување на мерки и протоколи и немање индивидуална одговорност. И вакцинираните треба да ги почитуваат мерките. Има лица кои по втор пат биле болни. Имаме примери со седум-осум случаи на цели семејства“, рече д-р Субашиќ.

Во тетовската Клиничка болница денеска има 32 лица на болничко лекување, што значи шест повеќе од вчерашните 26. Во вакциналниот пункт, пак, согласно пресекот од 27 јули во Тетово досега околу 21 илјади луѓе примиле две дози вакцини, а една доза имаат добиено над 5.000 граѓани.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе