Општина Чешиново-Облешево

Село Спанчево ја доби првата градинка

Нова детска градинка со вкупен капацитет за 120 деца денеска беше отворена во село Спанчево во општина Чешиново-Облешево.

На отворањето на новиот објект „Штркче" при детската градинка „Ѕвездички" присуствуваа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Како што соопшти владината Прес-служба, вицепремиерката Царовска, изјави дека е неизмерно среќна кога отвораат нови градинки, посебно кога тие се први градинки во руралните места, како во Спанчево.

 „Врвен приоритет на Владата е опфатот на децата коишто одат во градинка да го зголеми за 50 проценти, бидејќи вложувањето во раниот детски развој е вложување во луѓето коишто се најголемиот капитал на државата. Со отворањето на нови градинки ја јакнеме вработливоста посебно на жените, бидејќи обезбедуваме грижа и воспитание на нивните деца во местата кадешто живеат, а тие ќе може да се вклучат на пазарот на труд“, изјави Царовска.

Дополнителната заменик министерка, Шкријељ рече дека МТСП во градинката инвестирало околу пет милиони денари и дека продолжува со инвестициите бидејќи грижата за секое дете е врвен приоритет на оваа Влада.

„Градинките не се места само каде што се згрижуваат децата, туку и место каде што го осознаваат светот и се воспитуваат. Во контекст на ова за идната година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари. Обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки. Како Влада се грижиме и за кадарот што се грижи за нашите деца и само во последната година платите на воспитувачите се зголемени за 21 отсто, што е најголемо покачување до сега“, рече Шкријељ.

Градоначалникот Горанчо Крстев, се вели во соопштението, се заблагодарил за огромната поддршка од Владата за инвестирањето во раниот детски развој, бидејќи на овој начин се решава проблемот со згрижување на децата во Општина Чешиново-Облешево.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе