Министерство за здравство

Седум починати пациенти и 125 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1.019 тестирања од кои се регистрирани 125 нови случаи на ковид-19, а седум пациенти починаа.

Фото: Роберт Атанасовски

Новите заболени се во:

Скопје 89

Куманово 4

Штип 2

Прилеп 2

Тетово 11

Струга 3

Велес 1

Охрид 8

Гостивар 1

Струмица 2

Кичево 1

Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) кој бил на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73) примена на 7 јуни, додека во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти од кои во Скопје 1, во Прилеп 1 и во Велес 4.

Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Скопје е од Куманово. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје 1.461, активни 844

Куманово 573, активни 155

Дебар 53, активни 2

Штип 225, активни 186

Прилеп 220, активни 26

Тетово 312, активни 145

Струга 109, активни 34

Велес 145, активни 27

Битола 30, активни 3

Охрид 45, активни 28

Кавадарци 6, активни 1

Гостивар 52, активни 30

Гевгелија 6, активни 2

Струмица 7, активни 4

Крива Паланка 7, активни 1

Радовиш 4,

Крушево 3,

Кочани 53, активни 22

Пробиштип 11, активни 9

Демир Хисар 1,

Македонски Брод 2,

Пехчево 3,

Берово 2, активни 1

Валандово 3, активни 2

Виница 3, активни 1

Делчево 1,

Кратово 3, активни 1

Свети Николе 3, активни 2

Кичево 4, активни 2

Ресен 1, активни 1

Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.019 теста се преку: ИЈЗ –288 , ЦЈЗ Скопје-33, Авицена –116, Биотек -137 , Клиника „Жан Митрев“ –213, Систина со PCR метода –80 и МАНУ -152.  Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе