Министерство за здравство

Се зголемува бројот на заразени од британскиот сој на ковид-19 во Прилеп, Охрид и Кавадарци

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

 Последните податоци покажуваат дека 1.274 здравствени работници примиле вакцина против ковид-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63.075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39.003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, најави завчера премиерот Зоран Заев, кој рече дека се прават напори во земјава што поскоро да стасаат вакцини од сите производители.

Владата очекува преку Ковакс механизмот да пристигнат вакцини од „Модерна“ и од „Астра зенека“.

Во исчекување на новите вакцини, епидемиолошката слика и натаму стабилна, со исклучок на градовите Прилеп, Охрид и Кавадарци каде што, по појавата на британскиот сој на вирусот, се зголеми бројот на новозаразени. Според вчерашните податоци, бројот на активни случаи во Прилеп е 492, Кавадраци-466, а Охрид – 405.  Во Скопје и натаму има најмногу ковид-дијагностицирани и тоа 3018. Вкупниот број на активни случаи во државата е 6.736.

Вчера беа регистрирани нови 509 случаи од 2.813 тестирања, девет починати и 354 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, а на починати е 3.085.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 658 пациенти со ковид-19. Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети.

Во Скопје во болниците се лекуваат 254 лица, а во ковид-центрите низ државата 404.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Бројот на приеми во изминативе денови во болниците во главниот град е стабилен и има 95 слободни места, информираа вчера од Министерството за здравство.

Модуларниот ковид-центар, кој почна да се гради во Кичево кон крајот на минатата година, вчера ги прими и првите пациенти заболени од Ковид-19. Ковид-центарот се протега на 700 метри квадратни и во него можат да се згрижат 45 пациенти.

МВР продолжува со казните за неносење маска. Во текот на претходното деноноќие биле регистрирани 386 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Досега во светот се регистрирани над 112 милиони позитивни на коронавирусот, околу 2,5 милиони починаа од ковид-19, како оздравени се регистрирани околу 88 милиони лица.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе