МОН

Се враќаат постдипломските стипендии, се воведуваат стипендии за докторски студии

Министерството за образование и наука информира дека повторно ги враќа стипендиите за постипломски студии и дека за прв пат се воведуваат и стипендии за докторски студии. Конкурсите се веќе објавени, а аплицирањето е поедноставено зашто, покрај во хартиена, може да се аплицира и преку интернет.

Откако пред 10 години беа укинати, од студиската 2021-2022 година Министерството за образование и наука повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата, со што се обезбедува поддршката што младите ја побараа од Министерството за образование и наука и од Владата, соопшти МОН и информира дека конкурсот е веќе објавен.

„Со измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, воведени се 50 стипендии за студии од втор циклус во земјата од научно подрачје природно - математички науки (поле биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и технички технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 9.000 денари за девет месеци во годината“, објави МОН.

Од академската 2021-2022 година Министерството за образование и наука за прв пат воведува стипендии за докторски студии во државата, со што се излегува во пресрет на потребите и барањата за економско олеснување на оние кои одлучуваат да продолжат на трет циклус на студии на домашните високообразовни установи. Конкурсот е веќе објавен.

„Согласно направената измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, воведени се 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата од научно подрачје природно - математички науки (поле биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и технички технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 18.000 денари за дванаесет месеци во годината“, велат од МОН.

Од Министерството информираат дека постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе