Се разгледуваат опции за невакцинираните деца при упис во училиште, вели министерот Адеми

Се разгледуваат сите опции за невакцинираните деца кои треба да го започнат основното образовение, со цел да се запазат законите, како и јавното здравје, изјави денеска министерот за образование и наука Арбр Адеми.

Според Адеми, за ова прашање веќе имало средба со министрите за здравство и за правда, Венко Филипче и Рената Дескоска, но за него повторно ќе се расправа на владина седница.

„Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат, или во септември, односно на почетокот на септември да има теренска вакцинација за сите ученици кои не се вакцинирани“, вели Адеми.

Тој уште додаде дека дополнително ќе бидат спроведени консултации со експерти со цел да се најде најдоброто решение, поради тековната епидемија на морбили.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе