Малолетници на кислородна поддршка

Се полни болницата во Козле, за две недели 937 деца се заразиле со ковид-19

Се повеќе деца заразени со ковид-19 се хоспитализираат во детската болница во Козле, а 5 од нив се на кислородна поддршка. Децата имаат ниска сатурација и сериозна клиничка слика, но нивната состојба според лекарите е стабилна. Според Институтот за јавно здравје, за само две недели, односно од 1 до 14 септември, позитивни на ковид-19 се 937 деца од 0 до 19 години, а дури 80 отсто од нив се ученици во средно или основно училиште. 

Како што објави Сител, од 20 што лежат во болничките соби дури 15 се деца на училишна возраст. Освен наод на белите дробови, пациентите имаат и висока температура и глад за воздух.

Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со почетокот на учебната година.

Лекарите стравуваат дека бројот на заразените ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.

Педијатрите велат дека секоја висока температура и кашлица не е ковид и родителите веднаш да не трчаат во Козле, туку да побараат прво помош кај матичните.

„Имаме во чекалните и деца со температура што не се позитивни и позитивни деца, па доаѓа до мешање на инфекцијата, па и тие што немаат можат да добијат. Затоа прво кај матичен и ако состојбата е сериозна, болницата е 24 часа достапна за сите пациенти“, вели д-р Поповска.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе