Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)

Се подготвува стратегија за поддршка на надарените ученици

Не постои системско решение како да се развива и насочува талентот на надарените деца и тоа зависи од посветеноста, финансиските можности и слободното време на нивните родители и од иницијативноста на наставниците да им организираат воннаставни активности. Во редовното образование повеќе не се применува мерката додатни часови за натпросечните ученици и дополнителни кои се организираа за учениците со послаб успех.

Оттаму е идејата за стратешка програма за талентирани и надарени деца „Фонд за млади умови“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). За таа да се направи, се собираат предлози и мислења  од претставници на институции од формалното и неформалното образование, од родители, наставници, студенти и средношколци. Тие се поделени во четири фокусни групи кои денеска и утре разговараат со експерти за најдобрите решенија што ќе ги содржи стратешката програма.

Наталија Стојанова-Трајковски од ФИТР изјави дека сфатиле оти нема системски пристап во државата кој обезбедува  поддршка  за надарени ученици откако разни едукативни центри и здруженија поврзани со нетрадиционално образование се обраќале во Фондот со барање да ги поддржи за учество на меѓународни натпревари.

„Во училиштата ретко гледаме иницијативи за воншколски активности кои  се наменети за тие деца на кои им треба нешто повеќе од она што го добиваат на настава и најчесто тоа се сведува на личниот ангажман на наставникот односно дали има или нема ентузијазам да работи додатно. Нема системски пристап како да се допре до потребите на сите деца со висок потенцијал. Токму тоа сакаме да го промениме. Меѓу темите за дискусија на фокусните групи ќе биде и како да се препознаат надарените и талентираните и што понатаму да се прави со нив. Но нашата програма нема да се фокусира само на децата со многу висок коефициент на интелигенција, туку идејата е да се обезбеди поддршка и мотивација за сите деца,  додатни ангажмани и екстра потреби што тие ги имаат“, истакна Стојанова-Трајковски.

Програмата треба да биде стратешка рамка со утврдени критериуми, мерки, инструменти и инфраструктура за поддршка на учениците. Сега, рече таа, ја согледуваат ситуацијата во државата, потоа ќе подготват анализа на потреби и анализа на евентуални празнини. Прв чекор во  подготвувањето на концептот на програмата се состаноците на четирите фокусни групи кои ги води експертот Ребека Елис од УНИЦЕФ – партнер на ФИТР во овој процес.

Претпладнево почна да работи првата фокусна група со претставници од државни институции, владини тела од областа на образованието и од универзитетите во земјава. Попладне ќе работи втората фокусна група со претставници од невладиниот сектор и едукативни центри што нудат нестандардно образование.

Утре ќе се работи со уште две фокусни групи – во третата се претставници од училиштата – наставници и стручна служба (педагози и психолози) и родители, а во четвртата група, од која ФИТР очекува најинтересни обработливи информации, се најзасегнатите – средношколци и студенти.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе