Министерство за здравство

Се намалува бројот на починати и на новозаразени од ковид-19

Изминатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 39,5% во однос на претходната недела (n=6.120). Од 21 до 27 февруари пријавени се 68 смртни случаи, за 45,6% помалку во однос на претходната недела.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000.
Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=951, 25,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=194; 5,2%).
Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години.
Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени" се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2%  во однос на претходната недела.
Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број (n=63; 92,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (2) и 40-49 години (3).
Во Македонија вакцинацијата против ковид-19 почна на 17 февруари 2021 година. Заклучно со 28 февруари 2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.
 
 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе