Министерство за здравство

Се намалува бројот на пациенти во ковид-центрите, во Скопје примени само 6 нови болни

Во ковид-центрите низ државата се лекуваат вкупно 490 пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 204 се во Скопје и 490 во другите градови. Според последните податоци од Министерството за здравство, утрово имало вкупно 750 празни болнички кревети, од кои 180 во Скопје.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и тоа 2 пациенти во ГОБ 8 септември и 6 на Клиниката за инфективни болести. Дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78  пациенти, а на Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19.

Во однос на болниците низ државата, најмногу ковид-пациенти има во Куманово-51, а потоа во Штип и во Велес по 33. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на ковид-19, на инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе