Министерство за здравство

Се намалува бројот на пациенти во ковид-центрите, денеска се вкупно 883

Во болниците низ државата, според податоците од Министерството за здравство , има вкупно 883 пациенти, од кои во Скопје се 384, а во другите градови 499. Утрово имало слободни 847 болнички кревети, а од нив 332 во скопските болници.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и тоа 7 на Интерните и хируршки клиники, 9 во ГОБ 8 Септември, 12 на Инфективната клиника и 2 на Клиниката за детски болести. Во Козле и на Институтот за физикална медицина немало примени. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 131 пациент, во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 110 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 9 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 8 болни.

Во однос на болниците низ државата, најмногу ковид-пациенти има во Куманово-63 и во Охрид-60. Во болницата во Битола се хоспитализирани 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, а во Велес се лекуваат 58 болни. Во болницата во Прилеп има 45, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе