Неделен извештај на Институтот за јавно здравје

Се намалува бројот на новозаболени и починати од ковид-19, расте бројот на оздравените

Намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела покажува неделниот извештај на  Институтот за јавно здравје за периодот од 20 до 26 јули 2020 година.

Во овој период направени се вкупно 9.563 тестирања, што е 1.402 повеќе од периодот 13–19 јули и регистрирани се 956 позитивни случаи на ковид-19 што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во истиот период позитивни на ковид-19 се 10% од тестираните. Новозаболени се регистрирани во 29 градовиа при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3% - благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1% благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица помеѓу 50–59 години, 22,3%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата помеѓу 40-49 и над 60 години - 19,6% во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,6%, и од 10-19 години – 4,7% од вкупниот број на новозаболени. 

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2%, а кај 279 лица или кај 31,3% регистрирано е присуство на коморбидитети. 

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена. 

Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20% повеќе од претходната недела, односно од 13 до19 јули. 

Во периодот 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 84,4%. 29 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе