Се бара нова платформа за урнатиот сајт на МОН

Експерти работат на префрлање на веб-страницата на Министерството за образование и наука на друга платформа, воедно се работи за дополнителна заштита од напади од надвор, велат од министерството за МКД.мк на прашањето зошто и по 12 дена страницата не е во функција во време кога и училиштната година е отпочната, но и во период кога и студентите треба да се информираат како за студиите, така и за сместување во студентски домови.  „На студентите и учениците не им пречи тоа многу бидејќи се информираат и преку нашиот фејсбук профил“, велат од МОН.

Од МОН повторуваат дека при хакерскиот напад од 9 септември не била нанесена никаква штета бидејќи самата веб - страница нема заднинска база на податоци, туку е сајт со информативен карактер.

Во овие 12 дена не станува збор дека хакерите се активни, затоа што веб-страницата едноставно беше исклучена веднаш по нападот. Во деновите потоа, експерти работат на вградување на посилна заштита на страницата, но и на префрлување на друга платформа, нагласуваат од МОН за МКД:мк.

Оттаму потсетуваат дека МОН од првиот ден е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што беше пријавен случајот и од каде, заедно со МВР се преземат активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. 

Инаку, хакерите оставиле свој потпис: Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers".

Дали се работи за хакери од Грција сепак е тешко да се каже затоа што вообичаено се оставаат пораки преку кои сомнежот во истрагата треба да се насочи во погрешен правец.

Ваквите напади тешко се откриваат бидејќи вообичаено државни институции напаѓаат добро опремени и обучени хакерски тимови.

Минатата недела цел на хакерски напад беше и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, кој напад се смета за посериозен бидејќи, како што веќе објави МКД.мк, се работи за напад врз електронскиот систем на министерството од видот рансомвер, што во праксата значи барање на голем откуп за да бидат вратени податоците и циелиот систем во функција.

Последниве месеци актуелни се информациите за хакерски напад од големи размери врз електронскиот систем на албанската влада за што официјална Тирана го обвини Иран и ги прекина дипломатските односи со таа земја.

П.Џ.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе