Министерство за здравство

Само во Кратово нема активни случаи на ковид-19, Демир Хисар 2, Крушево и Пехчево 3

Кратово е единствениот град во земјава во кој нема активни случаи на ковид – 19. На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и  Пехчево со по тројца активни. Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.

Во другите градови се бројат под 100 случаи. Во моментов вкупниот бројот на активни на ковид-19 во земјата изнесува 2.323.

Во болниците се лекуваат 338 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во претходното деноноќие направени се 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 новозаболени. Оздравени се 69 лица, а тројца починале.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, оздравени се 1.4581, а битката со коронавирусот ја загубиле 725. Направени се вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.

Во светот, пак, бројката на ковид позитивни достигна 33,2 милиони. Излeкувани се 24,5 милиони, бројот на починатите надмина еден милион. Во моментов активни се околу 7,7 милиони луѓе.

Најмногу потврдени случаи има во САД 7,3 милиони, во Индија 6,1, Бразил 4,7 и во Русија 1,1 милиони. Кина, од каде што започна пандмијата на Ковид-19, досега евиденирала околу 85 илјади позитивни на ковид-19.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе