Бавен процесот на имунизација

Само 35 проценти од населението е вакцинирано со две дози

Министерството за здравство објави податоци според кои произлегува дека е слабо имунизирана категоријата на полнолетни граѓани до 39 годишна возраст, со само 32 проценти опфат и тоа само со една доза вакцина против ковид-19. Податоците велат дека едвај 35 проценти од населението во Македонија е вакцинирано со две дози. Вчера прва доза вакцицна примиле само 1.240 лица. Во текот на вчерашниот ден трета доза на вакцина примиле 44 лица.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе