Процес на имунизација

Само 31 отсто од полнолетните граѓани на возраст до 39 години примиле една доза вакцина

Според последните податоци, 31 отсо од полнолетните лица на возраст до 39 години примиле барем една доза на вакцина против ковид-19. Најмал интерес за вакцинација има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш, каде опфатот на населението со една доза од вакцините е под 40 проценти. Околу 65 проценти од населението пак, е вакцинирано во Неготино и Кавадарци, а добар опфат има и во Охрид, Гевгелија и Битола. Инаку, трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.

Заклучно со 26 септември со една доза на вакцина против ковид-19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Неготино(65,1%), Кавадарци(64,3%), Охрид(63,9%) и во Гевгелија (61,4%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и Тетово.

Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и во Радовиш каде опфатот е под 40 проценти.

Инаку, Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Со овие податоци, бројот на целосно имунизирани граѓани во однос на прикажаната табела е зголемен и сега изнесува 721.156 граѓани.

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат, велат од Министерството за здравство.

„Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време и на еден од најблиските пунктови до местото на живеење“, потсетува Министерството за здравство.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе